logo
logo
logo

Во Македонија 61 нов случај на коронавирус, 11 лица починаа

Vecer | 01.02.2021

Во Македонија 61 нов случај на коронавирус, 11 лица починаа


Во последните 24 часа потврден е 61 нов случај на коронавирус во Македонија, 11 лица починаа, а 440 оздравеа, соопшти Министерството за здравство.

Направени се 678 тестирања, а најголем број случаи се потврдени во Скопје  – 35. Во Кавадарци –7, Тетово – 3, Прилеп – 3, Штип – 3 , Охрид -2, Струга -2, Кочани – 2, Куманово – 1, Гостивар -1, Велес – 1, Крива Паланка – 1 .

Регистрирани се 440 оздравени пациенти од: Скопје – 266, Кавадарци – 26, Куманово – 23, Битола – 18, Прилеп – 17, Тетово – 13, Струмица – 12, Штип – 10, Кочани -9, Велес – 7, Гостивар – 6, Крива Паланка – 5 , Берово – 5 , Пробиштип – 5, Кичево – 3, Гевгелија – 2 , Неготино – 2 , Ресен – 2 ,Виница – 2 , Богданци – 2 , Охрид – 1 , Свети Николе -1 , Радовиш – 1 , Демир Хисар -1 , Пехчево – 1.

Починати се 11 лица, шест пациенти од Скопје (83,83,82,81,73 и 67г), два од Гостивар ( 60 и 61г ) и по еден од Охрид (83г), Струмица (75г) и Тетово (77г). Сите 11 пациенти се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 457.019 тестирања на Ковид -19.

Вкупната бројка на заболени во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 92.753, бројката на оздравени пациенти е 82.121, на починати е 2.866, а бројот на активни случаи изнесува 7.766.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk