logo
logo
logo

Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 28 пациенти

Vecer | 11.03.2021

Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 28 пациенти


Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 28 нови пациент поради компликации од корона вирусот. Вкупно 350 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 10 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 4 примени пациенти и 10 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 4 пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 23 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 27 пациенти, на Клиниката за неврологија 33 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 55 пациент со симтоми на корона вирусот.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 79 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 126 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 25 пациенти. На ГАК има 5 хоспитализирани ковид позитивни пациентки.

Вкупно 350 пациенти потврдени и сомнителени за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 22 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Отворена е и модуларната болница во склоп на Инфективната клиника со дополнителен број кревети.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 916 и има околу 280 празни болнички кревети во ковид центрите.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk