logo
logo
logo

Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 24 пациенти

Vecer | 05.02.2021

Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 24 пациенти


Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 24 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 249 лица сомнителни и потврдени на Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во изминатите 24 часа на домашно лекување се пуштени 20 оздравени пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 80 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 87 пациенти, а на Иститутот за белодробни заболувања во Козле има 21 пациент. Голем дел од пациентите е на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминатите денови е стабилен и утрово, до 8 часот, имало 92 слободни места, а се очекува во текот на денот, по направените исписи на оздравените пациенти, да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и може да згрижат пациенти што имат потреба од кислородна поддршка, соопштуваат од Министерството за здравство.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk