logo
logo
logo

Во ковид центрите во Скопје примени 4 нови пациенти, а се лекуваат вкупно 75

Vecer | 29.05.2021

Во ковид центрите во Скопје примени 4 нови пациенти, а се лекуваат вкупно 75


Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 4 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 75 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ имало еден прием.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало двс примени пациенти и еден бил примен на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 12 оздравени пациенти.

Во ковид центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 14 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 23 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 38
пациенти.

Вкупно 75 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 78 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk