logo
logo
logo

Во Ковид центрите во Скопје хоспитализирани 33 нови пациенти

Vecer | 16.02.2021

Во Ковид центрите во Скопје  хоспитализирани 33 нови пациенти


33 нови пациенти се хоспитализирани во Ковид центрите во Скопје во изминатото деноноќие поради компликации од коронавирусот, известуваат од министерството за здравство.

Од таму додаваат дека  вкупно 257 лица сомнителни и потврдени на КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Голем дел од пациентите велат од ресорното министерство, се на кислородна поддршка.

Во последното деноноќие, како што соопштуваат од МЗ, на интерните клиники имало 8 приеми.

Во Ковид центарот во ГОБ 8 Септември, биле примени 10 нови пациенти а 10 нови пациенти биле згрижени и  на Инфективната клиника. Во Козле биле примени 5 пациенти.

„Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 25 пациенти, на Клиниката за неврологија 26 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 12 пациенти со симтоми на корона вирусот. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 78 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 91 пациент, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 24 пациенти. На ГАК е хоспитализирана една пациентка“, известуваат од здравство.

„Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка“, велат од министерството за здравство.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk