logo
logo
logo

Во ковид-центрите се лекуваат 1147 пациенти

Vecer | 01.05.2021

Во ковид-центрите се лекуваат 1147 пациенти

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови низ земјава е 1147 и во ковид-центрите има околу 740 празни болнички кревети, соопшти денеска Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 24 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, со што на инфективните оддели во главниот град вкупно се лекуваат 473 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

– Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 13 приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 4 примени пациенти и 6 билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени болни, ниту на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина исто така немало примени, се наведува во соопштението.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 26 оздравени пациенти.

– Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 195 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 113 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 125 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 14 пациенти. На Клиниката за детски болести има 2 деца позитивни на ковид 19 вирусот и 2 мајки, а на ГАК има 3 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и  рехабилитација има 19 болни, се додава во соопштението.

Министерството потенцира дека бројот на приеми во Скопје изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 280 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Во изминатите 24 часа, пак, во ковид-центрите во болниците низ земјава надвор од Скопје е пријавено дека се лекуваат вкупно 674 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

– По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 92 пациент позитивен и суспектен на Ковид 19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 59 пациенти. На  инфективното одделение во Тетово има 31 пациент, во Велес се лекуваат 73 болни, а во Куманово 79 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 75 пациенти, во Прилеп 68, во ковид центарот во Гостивар 23, а во Струга 17 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 73 пациенти, во Кочани 23 во Кичево 20, Кавадарци 29, а во Гевгелија 12 лица позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти, се истакнува во соопштението.

Министерството потсетува дека во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

– Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, се додава во соопштението.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk