logo
logo
logo

Во ковид центрите се лекуваат 1.581 пациент

Vecer | 24.04.2021

Во ковид центрите се лекуваат 1.581 пациент

Во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 942 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Вкупно 639 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град, информира Министерството за здравство.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 131 пациент позитивен и суспектен на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 87 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 40 пациенти, во Велес се лекуваат 98 болни, а во Куманово 97 пациенти позитивни и суспектни на ковид- 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 90 пациенти, во Прилеп 91, во ковид центарот во Гостивар 31, а во Струга 25 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 116 пациенти, во Кочани 30 во Кичево 32, Кавадарци 54, а во Гевгелија 20 лица позитивни и суспектни на коронавирусот.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 1.581 и има околу 440 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 52 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 639 лица сомнителни и потврдени за ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 21 прием.

Во ковид центарот во ГОБ„8 Септември“ имало 10 примени пациенти и 10 билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле билe примени 4 нови болни, а исто толку пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 3 пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 57 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 263 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 132 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 146 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 49 пациенти. На Клиниката за детски болести има 7 деца позитивни на ковид 19 вирусот и исто толку мајки, а на ГАК има 2 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 49 болни.

Вкупно 639 пациенти потврдени и сомнителни за ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 113 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk