Откако се појави веста дека  Фејсбук страници на локални ограноци на СДСМ објавија конкурс за попишувачи, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ. Лидерот на партијата Христијан Мицкоски прашува во која друга држава партиски војници спроведуваат државен попис?

Партиска Фејсбук страна на СДСМ ОБЈАВИ КОНКУРС ЗА ДРЖАВНИ ПОПИШУВАЧИ, па го избриша (ФОТО) https://vecer.mk/makedonija/833235/

Posted by Вечер on Wednesday, February 24, 2021

 

Најдобар доказ дека не е статистичка, туку политичка операција пописот. Партиски оглас за државни попишувачи. Срам и беда. Од месечината се гледа дека овој попис на власта е фалсификат. Затоа, стоп за овој фалсификат попис!, напиша Мицкоски на Фејсбук

Во која друга држава партиски војници спроведуваат државен попис?
Најдобар доказ дека не е статистичка, туку политичка…

Posted by Hristijan Mickoski on Wednesday, February 24, 2021