logo
logo
logo

Во Извештајот на ЕК нотирано МАСОВНО ИСЕЛУВАЊЕ на лекари специјалисти

Vecer | 25.10.2021

Во Извештајот на ЕК нотирано МАСОВНО ИСЕЛУВАЊЕ на лекари специјалисти

Во Извештаојот за Македонија Европската Комисија, потенцира дека здравството во земјата се соочува со загуби на медицинскиот персонал. Се наведува дека особено лекарите специјалисти или преминуваат во приватните здравствени установи или пак заминуваат во странство и дека пристапот до лекари специјалисти во јавните здравствени установи е проблематичен.

– И покрај обезбедувањето на зголемени плати со цел да се задржат работниците, здравствениот сектор се соочува со загуби на медицински персонал, особено специјалисти кои се селат во приватниот сектор или заминуваат на работа во странство. Персоналот продолжува со потребата од специјализирана обука за користење напредна здравствена опрема, наведува ЕК.

Што се однесува пак до справувањето со предизвиците од пандемијата на корона вирусот, Европската Комисија наведува дека во текот на третиот бран беа поплнети 90 проценти од болничките капацитети во јавниот здравствен систем, а во однос на вакцинацијата против ковид-19, дека до почетокот на октомври целосно се вакцинирани околу 35 отсто од популацијата.

-Согласно националниот план до крајот на 2021 година 60 проценти од населението треба да е вакцинирано против коронавирусот. Околу 35 проценти од населението е целосно вакцинирано до почетокот на октомври 2021 година, потенцира ЕК во Извештајот за напредокот на Македонија во делот кој се однесува на здравствениот сектор.

Истовремено ЕК оценува дека не се финасира доволно скринингот за рано дијагностицирање на канцер, како и тоа дека податоците од националните и регионалните регистри за рак не се јавно достапни.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk