logo
logo
logo

Каков дебакл:

Во истиот ден кога Каевски се фалеше дека го заштитиле идентитетот, стигна демант, прифатиле дека Самоил е бугарски цар, а Климент и Наум твореле во бугарска држава

Vecer | 15.08.2022

Во истиот ден кога Каевски се фалеше дека го заштитиле идентитетот, стигна демант, прифатиле дека Самоил е бугарски цар, а Климент и Наум твореле во бугарска држава

Кој го намести младиот олигарх Дарко Каевски поразот да го прославува како победа, во истиот ден кога се фали СДСМ, демант стигна од Бугарија?, велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштението до јавноста, а како реакција на прес-конференцијата на Дарко Каевски.

- Имено, според препораките Цар Самоил, Св. Кирил и Методиј, Климент и Наум Охридски наместо македонски ќе се чествуваат како заеднички историски личности со Бугарија.

Владата и Ковачевски го пробија дното. Има ли кормило во бродот кој тоне?

Владата, Ковачевски, Османи и Маричиќ се откажаа од се што е македонско и прифатија Цар Самоил да е бугарски цар, а Кирли и Методиј, Св. Климент и Наум Охридски твореле во бугарска држава.

Препораките на комисијата се да се менуваат учебниците по историја во Македонија, со ова Ковачевски и СДСМ свесно се откажува од македонската историја и македонскиот идентитет.

СДСМ и Ковачевски секој ден вршат национално предавство на македонскиот народ и држава.

Наместо да излегуваат на прес конференции и да даваат паушални изјави, и предавството да го претставуваат како победа, веднаш да се охрабрат и да прифатат референдум за народот да може да одлучи, се вели во соопштението.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk