Камион со платформа за превоз на други возила се преврте на 130. километар на јужната страна од автопатот А3 Брегана-Липовац, објави хрватски 24 сата.

.

24sata

Несреќата се случила околу 17:05 часот, кога возилото со македонски регистерски таблички се превртело, при што дошло до испаѓање на возилата што ги превезувал камионот.

24sata

Сообраќајот на патот е затворен во насока кон исток и се пренасочува. Возачот на камионот е повреден, а во тек е полициси увид.

24sata

- Возачот беше свесен. Видов  како приколката почна да му се ниша. Изгледаше лошо, рекол очевидец за 24 сата.хр.