logo
logo
logo

Во Грција од денеска може да се влегува и преку Меџитлија и Дојран

Vecer | 02.07.2021

Во Грција од денеска може да се влегува и преку Меџитлија и Дојран


Грција ги отвори сите копнени гранични премини со соседните земји.

Покрај преминот Богородица, од денеска ќе може да се патува и од граничните премини на Меџитлија и Дојран.

Граничните премини ќе работат 24 часа.

За патување во Грција, задолжителен е документ сертификат за вакцинација – 14 дена по примената втора доза, или негативен резултат од ПЦР-тест направен 72 часа пред патувањето или рапид (брз) тест до 48 часа пред пристигнувањето во Грција. Влезот е дозволен и со потврда за прележан коронавирус, како и пополнет PLF-формулар.

 


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk