ОТКАКО СРЕДЕ СЕЛО ПРЕД ДВЕ ГОДИНИ НИКНА ЏАМИЈА

Во Горна Белица се градат муслимански гробишта

Во селото кое отсекогаш било чисто македонско, интензивно се градат викендички, а луѓето од исламска вероисповед решиле да имаат и свои гробишта. Иако засега никој тука ниту живее ниту починал, Албанците ископале неколку гробни места кои стојат празни. Целта, според кажувањата на оние кои потекнуваат од ова село, била да се заземе што поголем простор. Се чекало некој да умре па откако ќе го закопаат просторот ќе бил заграден како муслимански гробишта

Во струшкото село Горна Белица на 1500 метри надморска височина се прават муслимански гробишта. Во селото кое отсекогаш било чисто македонско, интензивно се градат викендички, а луѓето од исламска вероисповед решиле да имаат и свои гробишта. Иако засега никој тука ниту живее ниту починал, Албанците ископале неколку гробни места кои стојат празни. Целта, според кажувањата на оние што потекнуваат од ова село, била да се заземе што поголем простор. Се чекало некој да умре, па откако ќе го закопаат просторот ќе бил заграден како муслимански гробишта.

Процесот на исламизација односно албанизација на просторот во Горна Белица започна пред две години кога таму започна да се гради џамија. Иако на почетокот овој верски објект ги зовре меѓуетничките страсти и беше предмет на инспекциските служби за рушење, денес незаконски изградената џамија е ставена потполно во функција. На секој час и половина ечела молитвата од џамијата, а озвучувањето било пуштено на максимум.

За оваа џамија среде македонско село, на територија во која никогаш порано не живееле муслимани-Албанци, а за која струшкиот суд пресуди рушење, се пукаше но и се играше албанско оро на кое беше фатен и струшкиот градоначалник Рамиз Мерко.

Инаку Горна Белица отсекогаш била чисто македонско село. На влезот стои дрвен крст на кој е претставено Христовото распетие. За жал, во ова село со 250 викенд-куќи, сопственост на Власи кои живеат во околината на Струга, денес нема постојани жители. Власите во Горна Белица се населиле во 1730 година и досега беа единствените луѓе кои изградиле куќи на ова место.
Горна Белица е атрактивно место за туристите кои го посетуваат селото преку организирани тури. Се изненадуваат од уникатниот лик на куќите изградени во алпски стил од дрво и камен.
Во Горна Белица има стар хотел кој сега не е во употреба, а се уште постои и старото селско училиште. Одамна тука минувала и надалеку познатата Виа Игнација, а во селото се уште постојат остатоци од стара римска некропола.(О.С)





Поврзани

Најнови вести

Коментари