logo
logo
logo

Во Европа откажуваат пописи заради пандемијата, МАКЕДОНИЈА НЕВАКЦИНИРАНА ЌЕ ОДИ НА ПОПИС

Vecer | 01.02.2021

Во Европа откажуваат пописи заради пандемијата, МАКЕДОНИЈА НЕВАКЦИНИРАНА ЌЕ ОДИ НА ПОПИС

Попис за време на пандемија не е опција за европските држави, но е опција за македонската власт. Неповолната епидемиолошка состојба поради корона вирусот натера повеќе држави да ги откажат пописите закажани за оваа пролет, се додека не се создадат услови за тоа.

Последна во низата е Хрватска која вчера го одложи пописот за најмалку три месеци.

Официјалното образложение во Хрватска е дека пописот мора да биде квалитетен  со повисок одѕив, бидејќи мора да се земе предвид здравјето како на граѓаните така и на попишувачите. Според хрватските власти во ситуација кога имате луѓе во болници, на апарати за дишење, во изолација, под знак прашалник е каков ќе биде квалитетот на податоците.

Што значи дека Хрватска им се приклучи на  Германија, Ирска, Шкотска, Романија, Бугарија и Србија кои исто така решија дека не е време кога треба да се загрозат дополнителни животи и дека пописот може да почека на одреден период.

Но, така не смета македонската власт. Кај нас се побрза да се донесе закон без методологија, само за да се реализира пописот што е можно побрзо.

Според опозицијата пописот е заради политички договор односно исполнување на коалицискиот договор и затоа на власта не и важно каков одѕив ќе има. Од опозицијата во повеќе наврати потенцираа дека однапред се договорени процентите на одреден етнички заедници, а тоа се прави на сметка на сопствената држава и животите на граѓаните.

Сите овие држави кои досега ги одложија пописите,  не само што имаат подобри здравствени системи од Македонија, туку веќе вакцинираат и го имунизираат своето население. Македонија има катастрофален здравствен систем каде луѓе во пикот умираа затоа што немаше доволно кислород, а државата во еден момент беше и петта во светот по смртност на милион жители,  но најважно од се нема вакцини против КОВИД-19.

И да дојдат вакцини до април, нема да се повеќе од 20.000 според сите досегашни најави. Дотогаш другите земји кои ги одложија пописите, па и една Србија ќе имаат милиони вакцинирани. Сепак и во таква ситуација тие сметаат дека не е време за попис и загрозување на животи.

Според власта пописот ќе биде безбеден од здравствен аспект, бидејќи и во пандемија државата покажала дека има капацитет на организира сложени операции со масовно учество на граѓаните, со почитување на сите мерки и протоколи за заштита на здравјето.

Но, колку тоа ќе биде така останува да видиме. Без вакцини за имунизација и во ситуација кога бројките на заразени на дневна основа се уште се високи, факт е дека се ризикуваат илјадници животи на македонски граѓани.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk