logo
logo
logo

Во две несреќи ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ МОТОРЏИИ

Vecer | 12.04.2021

Во две несреќи ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ МОТОРЏИИ

Во текот на вчерашниот ден во одделни несреќи повредени се двајца моторџии. Првата се случила во 13 часот на пат во с.Градец, на место викано „Мизовски ливади“, во непосредна близина на Стара база во Крива Паланка.

Имено, мотоцикл „хонда“, без регистарски ознаки, управуван од Т.И.(27) од Крива Паланка, изгубил контрола и паднал на патот. Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни поврди, констатирани во Здравствен дом Куманово. За незгодата бил запознаен Јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од Полициска станица Крива Паланка.

Во 19: 45 часот, пак, на кружен тек од ул.„Маршал Тито“ со ул.„Крушевска Република“ во Струмица, мотоцикл „фости“, без регистарски ознаки, управуван од Г.П.(40) од Струмица, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Струмица.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk