Во два автомобила во струмичко најдени 21 мигрант

Во вечерните часови на вчерашниот ден во струмичкото село Водоча, полицајци запреле автомобил „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки и автомобил „ауди А6“ со струмички регистарски ознаки.

Како што информираат од МВР, веднаш по запирањето на возилата, возачите излегле и се дале во бегство, а во двата автомобила биле пронајдени вкупно 21 мигрант од Авганистан, Пакистан и Ирак.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари