logo
logo
logo

Во Дебар РАСТЕ бројот на ЗАРАЗЕНИ: Хоспитализирана и пациентка која е вакцинирана

Vecer | 29.07.2021

Во Дебар РАСТЕ бројот на ЗАРАЗЕНИ: Хоспитализирана и пациентка која е вакцинирана

Висока едноцифрена бројка на новозаразени со Ковид-19 е регистрирана денеска во Дебар. По одреден период веќе има двајца пациенти во Ковид центарот во интерното одделение, при Општата болница со проширена дејност, која здравствена заштита пружа за жителите од општините Дебар и Центар Жупа.

– Само денес опасниот вирус е дијагностициран кај седум лица, од девет општини, шест од нив веќе се внесени во денешниот извештај на Министертвото за здравство, додека за еден потрдата ја добивме подоцна. Во последните десет дена имаме девет новозаразени а вкупно активни се 12 лица, од нив три се иселеници од САД, изјави за МИА, Арбијон Колари, лекар во Ковид центарот.

Додава дека моментно во центарот хоспитализирани се две пациентки, една од нив на кислородна подршка.

– Една од пациентките е вакцинирана со две дози вакцина, додека другата нема примено ниту една доза. Денеска испративме 11 тестови и за најмалку седум од нив се сомневаме дека се позитивни. Она што во моментов ни е најпотребно се брзите тестови, зашто првичнот резултат ќе го имаме побрзо, посочува доктор Колари.

Она што може да се види насекаде во градот и населените места е фактот дека само мал дел од граѓаните носат заштитни маски во затворен простор, дистанца не се одржува, а секојдневно има по повеќе веселби, свадби, сунети, свршувачки со големо присуство на гости.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk