logo
logo
logo

Вака е под власт на СДСМ:

Во Чешиново-Облешево од 14 населени места само едно има водовод и канализација

Vecer | 28.05.2023

Во Чешиново-Облешево од 14 населени места само едно има водовод и канализација

„Продолжуваме со акцијата „Ова е Македонија за сите“ денеска бевме во посета на населено место Теранци, Ларци, сега сме овде во Чифлик во Општина Чешиново Облешево 14 населени места а само 1 населено место има водовод и канализација а останатите населени места или немаат водовод или  имаат проблеми со канализацијата и катастрофална инфраструктура а власта на СДСМ и ДУИ воопшто не се грижи за тоа“, рече пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков при денешната теренска активност.

Тој посочи дека 5 милијарди државен буџет или парите потрошени во изминатите 6 години не најдоа начин да пристигнат овде.

„Токму за ова населено место веќе 2 години по ред предлагаме амандмани за да се направи канализационата мрежа меѓутоа безмилосно беа одбивани од власта на СДСМ и ДУИ кои парите ги троши за лично богатење“, рече Лефков.

Лефков посочи дека власта на СДСМ и ДУИ воопшто не се грижи за хранат меѓутоа луѓето порачуваат една работа дека за 10 11 месеци од сега на изборите ќе и кажат збогум на оваа ненародна влада.

„Доцни сеидбата со ориз бидејќи има неисчистени водни канали поради разни проблеми на водостопанството. Иако им ветија вода дека ќе  добијат во нивите на 8ми мај и денеска тие немаат вода“, кажа Лефков.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk