Што се случува

Во цела Македонија само 20 првачиња учат на српски јазик!

Намалување на бројот на учениците во Македонија кои наставата ја следат на српски јазик продолжува. Во оваа учебна година само дваесет првачиња се запишани во сите три училишта во кои наставата се одвива на српски јазик-во Старо Нагоричане, Табановце и Кучевиште. 

 

Трендот на намалувањето на бројот на учениците во Македонија кои наставата ја следат на српски јазик продолжува. Во оваа учебна година само дваесет првачиња  се запишани во сите три училишта во кои наставата се одвива на српски јазик-во Старо Нагоричане, Табановце и Кучевиште. Минатата година беа околу триесеттина.

Така наставата на српски јазик во Македонија, постепено згаснува, објави ртс.рс

Поточно во трите основни училишта - Свети Кирил и Методиј во Кучевиште во оваа учебна година запишани се само шест првачиња за настава на српски јазик и 24 кои наставата ја следат на македонски јазик.

Во основното училиште Светозар Марковиќ , во Старо Нагоричане за настава на српски јазик се запишале само пет првачиња, а четири за настава на македонски јазик, додека во училиштето Браќа Рибар во Табановце запишани се девет деца за настава на српски и осум за настава на македонски јазик. 

 

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари