Мајтапење со нас, или ставање пред свршен чин

Во 5 до 12 Грција испорачува нови услови за договорот

Дали Заев може да потпише толку, колку што Грција може да посака, прашува пратеникот Антонио Милошоски во статус објавен на Фејсбук.

Статусот на Милошоски го пренесуваме во целост.

„Јавноста се прашува зошто Зоран Заев и неговите советници за односи со Атина, Маричиќ и Башановиќ сѐ уште не се во грчката Мала Преспа да го потпишат договорот за смена Уставот и името?
Затоа што освен прифатениот пакет за името
Republic of Northern Macedonia и
Nationality: of the Republic of Northern Macedonia
Грција вчера испорачала уште две барања, кои не биле дел од усогласената рамка на Договорот Коѕијас-Димитров од Брисел:


1. Јазикот да не се запише Macedonian како што е сега заведен во ОН, туку латинично makedonski без никаков превод и
2. Менувањето на Уставот на Македонија да не биде после испорачаната покана за членство во НАТО и датумот за преговори со ЕУ, во Јуни/Јули оваа година, туку Македонија прво да организира референдум со позитивен исход, истовремено да си го смени Уставот, па дури потоа да очекува да биде поканета за НАТО и ЕУ.
Третата опција е договарањето да се одложи за неколку месеци.
Ставот на Заев кон овие барања е билет кон Преспа Микра!"

Поврзани

Најнови вести

Коментари