Ахмети:

Во 2001 година мислеа дека сме „калашниковци“, но ние докажавме дека сме луѓе на дипломатијата и мирот

Во 2001 година мислеа дека ние сме луѓе од планина, диви луѓе, 'калашниковци', но ние докажавме дека колку што бевме 'калашниковци', и толку сме луѓе на дипломатијата, на мирот, на стабилноста и интегративци, рече претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети во неговиот говор одржан во Шемшово.

Тој рече дека ако државата во тоа време ги решавала проблемите и барањата на Албанците сигурно дека немало да дојде до конфликт, затоа што, како што рече, никој не сака војна, а сите го сакаат мирот.

„Албанците побараа знаме – вие ги убивте. Албанците побараа молив, не бараа калашников, бараа универзитет – вие ги убивте. Со сила нè оставивте на планина", рече Ахмети проценувајќи дека сега ова поглавје е затворено и сега Албанците се сериозно ангажирани.

Говорејќи за актуелните случувања во земјата, лидерот на ДУИ рече дека меѓуетничките и добрососедските односи, покрај многуте реформи, се предуслов за интеграција на Македонија во НАТО и Европската Унија.

Поврзани

Најнови вести

Коментари