Фатмир Лимани, внук на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, ексклузивно за Алсат најави дека ќе се кандидира за градоначалник на Кичево на следните локални избори, како независен кандидат, објави Алсат М
Лимани ги обвинува локалните власти во Кичево дека се виновни за ситуацијата во која го донесоа градот, според него нивните неуспеси влијаеле за да младите од Кичево да ја напуштат земјата.
Моментално во Кичево градоначалник е Фатмир Дехари, кадар на ДУИ на кого ова му е втор мандат. Дехари во 2017 година со поддршка на СДСМ го победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Сајкоски.