ВНИМАВАЈТЕ: Жена краде во ТЦ Рамстор - ВИДЕО

Жена затскриена со капа на главата и дебела зимска денеска излегла од ТЦ Рамстор побогата за најмалку еден паричник и еден мобилен телефон.

Твитерџиката Ника објави видеоснимка на која се гледа како жената со лепливи прсти ѝ го краде мобилниот телефон од чантата додека разгледува облека во еден од дуќаните во трговскиот центар.

Претходно истата жена украла паричник.

 

Кој ќе ја препознае жената, Ника го замолува да ѝ каже. Таа си го бара телефонот и ветува дека нема да ја чепка ако ѝ го врати.

Поврзани

Најнови вести

Коментари