logo
logo
logo

Внимавајте, ЛАЖНИ ПОЛИЦАЈЦИ САКАЛЕ ДА ОГРАБАТ КУЌА во Илинден

Vecer | 17.05.2021

Внимавајте, ЛАЖНИ ПОЛИЦАЈЦИ САКАЛЕ ДА ОГРАБАТ КУЌА во Илинден

Вистинска драма се случувала ноќеска во скопската населба Илинден, дознава 24 Инфо. Лажни полицајци упаднале во една од куќите за да ја ограбат, по што биле напад*ати домаќините, но и тие возвратиле.

Според информации до кои дојде 24 Инфо, разбојниците биле маскирани во полицајци за да домаќините им ја отворат врата. Откако влегле внатре ги напа*нале домаќините.

Од МВР потврдија дека се случил инцидент.

-На 17.05.2021 полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода С.В.(21), П.Ѓ.(19) и С.М.(26), сите од нас.Илинден, постапувајќи по пријава според која во 01.45 часот, заедно со Н.П.(26), со употреба на сила влегле во домот З.П.(52) во нас. Илинден, почнале да ја оштетуваат покуќнината и физички ги напа*нале З.П., К.П. и Л.П.. Според пријавеното, З.П. во самоодбрана го повредил Н.П., кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош, a З.П., К.П. и Л.П. биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Како што стои во пријавата, причина за нападот е наводен долг на К.П. кон напаѓачите. Пријавените лицата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, велат од МВР.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk