Во текот на утрешниот ден, во Скопје ќе се одржи ,,Социо-еколошки форум Скопје 2021“, па најавени се измени во сообраќајниот режим.

– Секторот за внатрешни работи Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје. Секторот за внатрешни работи  Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници, велат од МВР.