logo
logo
logo

ВНИМАВАЈТЕ КАДЕ ПАРКИРАТЕ! Пајакот НЕМА милост

Vecer | 27.05.2021

ВНИМАВАЈТЕ КАДЕ ПАРКИРАТЕ! Пајакот НЕМА милост

Во текот на изминатата недела со „пајак“ се отстранети вкупно 152 возила од јавните површини. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 21 возило е отстрането од зонските паркиралишта, а другите 131 возило по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице, информираат од Град Скопје.

Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 230 возилa, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 21 возило е отстрането со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.

Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk