Диви свињи забележал возач на регионалниот пат Охрид – Св. Стефан, во близина на Хидробиолошкиот завод. Охридњуз објави дека според ловџии и упатени во проблематиката, не е невообичаено да се забележат диви свињи на ова место во ова време.

– Со доаѓањето на есента и намалување на зеленилото и храната во планината, овие животни во есен се спуштаат кон Студенчишко блато во потрага за храна, велат тие.