logo
logo
logo

ВНИМАТЕЛНО! Се УРНА ограда од мост во ТЕТОВО

Vecer | 03.05.2021

ВНИМАТЕЛНО! Се УРНА ограда од мост во ТЕТОВО

Падната е една од оградите на последниот мост на река Пена во Тетово на булеварот „Видое Смилевски-Бато“ познат како Индустриска улица.  Граѓани од блискиот станбен комплекс на згради Блок 70 кога забележале дека е падната оградата јавиле за проблемот во пожарната и полицијата.

-Околу 18 часот добивме повик од граѓаните дека е падната оградата од мостот. Интервениравме веднаш со поставување на дрвени палети и ленти со цел да се ограничи движењето кон границите на мостот и да се избегне опасност од паѓање во реката, информираше Ука Алити, командант на тетовската пожарна.

Граѓаните кои се обратија до нашата редакција информираа дека оваа ограда веќе подолго време била нестабилна и се нишала.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk