logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ: Заев веднаш да го стопира пописот, така ќе стопира смрт на 2.400 луѓе поради ковид

Vecer | 20.03.2021

ВМРО-ДПМНЕ: Заев веднаш да го стопира пописот, така ќе стопира смрт на 2.400 луѓе поради ковид

Заради политичкиот пазар на Зоран Заев среде нов бран со илјадници ново заболени и десетици починати на ден тие ќе испраќаат 5.500 попишувачи од дом во дом и на тој начин ризикуваат да настане експлозија на заразата, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Македонија поради нивната неспособност и неодговорност веќе пати. Овие 5500 попишувачи ќе го пренесат вирусот на 49.500 лица. И во Македонија смртноста е меѓу највисоките или е 4,9 проценти, што значи дека попис во април ќе значи 2400 мртви од корона и ќе значи колапс на здравствениот систем затоа што педесттина илјади луѓе ќе заболат

Заев веднаш да го стопира пописот така ќе стопира смрт на 2400 луѓе поради ковид

Во последните пет земји во светот сме по вакцинација според Блумберг, а во првите три по смртност според Економист. Не успеаа да набават вакцини за имунизација ниту на здравствените работници, а не пак да обезбедат масовна имунизација. Сега, згора на тоа ќе изложуваат на ризик луѓе кои што ќе попишуваат и ќе бидат попишувани само за да го исполнат политичкиот хир и инает на Заев.

Комисијата за заразни болести очигледно е нем послушник на Заев, бидејќи на ваква епидемиолошка слика молчи. Земји кои далеку подобро се справуваат со кризата и кои имаат напредна фаза на имунизација ги одложија планираните пописи, само власта на Заев ќе сее хаос и зарази.Тоа што Заев го нарекува попис во пандемија е потенцијално ширење на смрт“, наведе ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk