logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ: Заев преку Георгиевски пушти пробен балон во јавноста

Vecer | 28.02.2021

ВМРО-ДПМНЕ: Заев преку Георгиевски пушти пробен балон во јавноста

Зоран Заев преку Љубчо Георгиевски пушти пробен балон, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ утрово реагираше на вчерашната објава на поранешниот лидер на оваа партија и експремиер кој даде предлог-акциски план за подобрување на односите помеѓу Северна Македонија и Бугарија.

„Зоран Заев вчера преку Љубчо Георгиевски пушти пробен балон во јавноста, и порача дека македонскиот јазик не постоел во кореспонденцијата на патриотските револуционерни организации директно негирајќи ја посебноста на македонскиот јазик, како и посебноста на македонската нација. Заев сака да ги одроди револуционерите и сите македонски дејци и од нив да направи Бугари“,велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие обвинуваат и дека преку Георгиевски, сака испраќа порака дека ќе се откаже од македонското малцинство во Бугарија.

Предлогот кој вчера го објави експремиерот е од пет точки, во кои меѓудругото пишува вез многу објаснувања да се усогласат 10-15 историски настани и да се одбележуваат заеднички; да се направи нова специјална комисија само за прогонот и убиствата на Македонците со бугарска национална свест; да се пополнат биографиите на важните личности како што Гоце Делчев, Даме Груев и Ѓорче Петров кои биле учители на бугарската егзархија, што според него, не е мала работа која се крие итн. Во однос на јазикот, пак, Георгиевски даде предлог со кој, вели, дека може конечно да се затвори ова прашање.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk