ВМРО-ДПМНЕ: Заев како од ракав дели милиони евра на сопартијци

Заев доби конкуренција во криминалот наречен Кочо Анѓушев. Заев и Анѓушев ја претвораат државата во сопствена фирма, додека граѓаните осиромашуваат. Додека граѓаните се вознемирени од изјавите каде што постојано се менуваат ставовите на Зоран Заев дали ќе биде распишан референдум и дали тој ќе биде задолжителен или консултативен, Заев како од ракав дели 10 милиони евра на фирми на Анѓушев, Локвенец и други сопартијци и послушници, претставувајќи ги како иноватори, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Граѓаните гледаат дека додека економијата доживува вистински крах, стопанството e пред банкрот, додека се намалува просечната плата, се бркаат странските инвеститори, семејните бизниси на Кочо Анѓушев и Зоран Заев цветaат и тоа со сесрдна помош на институциите под нивна контрола. Овој скандал е огромен. Ова е сериозен сомнеж за злоупотреба на позицијата за богатење. Заев го гази достоинство на сите граѓани во Република Македонија. Со штетниот договор со кој се негира македонската нација, народ, култура, јазик и историја, Заев ја гази демократијата, кршејќи ги законите, процедурите и Уставот на Република Македонија целосно исклучувајќи ја опозицијата и оневозможувајќи дијалог и демократска расправа во Собранието“, велат од партијата.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари