logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче заборавиле на ЕУ фондовите затоа што таму нема провизии

Vecer | 12.03.2021

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче заборавиле на ЕУ фондовите затоа што таму нема провизии

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен обзнани дека Европската унија од фондовите за солидарност на 19 земји ќе им подели 530 милиони евра за покривање на трошоци произлезени од потребата за справување со последиците од корона кризата. Македонија ја нема меѓу овие земји, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

– Македонија, како што почнуваат да излегуваат работите, како да не аплицилара за средства од солидарниот фонд? А и да аплицилирала, зарем би и дале европски пари на земја која се најде на црна листа, земја чиј премиер и министер сакале поради провизии да го излажат официјален Пекинг.

Заев и Филипче си решиле преку приватна и тоа фантом фирма да набуваат кинески вакцини. Токму Филипче кој говореше за бесплатни здравствени услуги во ЕУ до кои ќе не донесе членството во Унијата, ја стави Македонија на црна листа по број на починати од корона на милион жители, на дно на листите по набавени вакцини. И сето тоа поради личните интереси и алчност, сакал преку фантом фирми да набавува вакцини од Кина, велат од партијата.

– И се разбира Кина го врати авансот, а обвнителството во Македонија има работа токму со овој случај и со вклучените во истиот Филипче и Заев. Филипче и Заев направија една работа, го загрозија здравјето и животите на граѓаните. Помина прв бран без без заштитна лична опрема, втор бран без медикаменти и болнички кревети, трет бран без вакцини. Поради сето тоа Заев и Филипче ќе одговараат, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk