logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ: Заев е бранител на криминалот на Рашкоски

Vecer | 17.04.2021

ВМРО-ДПМНЕ: Заев е бранител на криминалот на Рашкоски

Заев е бранител на криминалот на Рашкоски кој и понатаму може да влијае на сведоците. Рашкоски си дојде со рацете во џебот во судот, а си замина во својот дом наместо во затвор. Луј Витон судството покорно ги слуша нарачките на Заев, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-„Немам сомневање дека се е чисто“ – рече Зоран Заев за случајот со Рашковски. Со ова Заев му дава легитимитет и институционална покриеност на Рашковски и неговите дејствија, дека тие дејствија се дејствија на владата, т.е. на него лично. Зоран Заев потврдил дека стои зад Драги Рашковски и набавката на неговиот софтвер. Сега Рашковски е приведен, а Заев на слобода.

Ако Рашковски постапувал согласно причините и кои ги знаел и одобрил и Заев, тогаш најмалку што треба е Заев да биде дел од постапка уште веднаш! Во истата изјава Заев продолжува – „Овие денови ќе ги соопштат сите детали и документи, ова е правено со причина. Не ни текнало нас седејќи во Владата ‘ај ќе правиме софтвер’. Имало потреба за тоа, затоа што е дел од сите политики и процедури поврзани со соодветните министерства“, велат од партијата.

Од таму додаваат дека набавката на софтверот на Рашковски е идеја на Владата и Владата стои зад него, тоа е дел од политиката на владата, тоа го кажал Зоран Заев лично.

-Го повикуваме ЈО веднаш да го повика Заев и да го прошири случајот и кон него. Имаме јавно признание на Заев, кое е доволен доказ, потенцираат во партиското соопштение.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk