logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ: Заев бара техничка влада затоа што е слаб

Vecer | 10.03.2021

ВМРО-ДПМНЕ: Заев бара техничка влада затоа што е слаб

Заев нема кворум во Собрание, нема мнозинство, тој бара техничка влада затоа што е слаб. Зоран Заев ја доведе државата и институциите до момент на нефункционалност. Желбата за власт по секоја цена ја закочи државата, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Собранието и вчера не можеше да функционира исто како што не може да функционира веќе месеци наназад.

Институциите се сосема нефункционални. Заев гласајќи и мерејќи ја својата самодоверба, само си ги продолжи маките, и негови, но и на државата.

Заев знае дека тоне. Тој ја донесе Македонија до скоро 7 милијарди јавен долг, нови 55.000 невработени, 6200 затворени фирми. Нема вакцини, нема лекови по аптеките. Заев е неспособен и време е да си замине.

Влада со криминалци ВМРО – ДПМНЕ нема да прави“ – истакнуваат од партијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk