logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ: Во викенд кога починаа 78 лица, Филипче и Заев се возеа со мотори

Vecer | 12.04.2021

ВМРО-ДПМНЕ: Во викенд кога починаа 78 лица, Филипче и Заев се возеа со мотори

Додека граѓаните умираат и се заразуваат, Зоран Заев и Венко Филипче си тераат прошетки со мотори, обвинуваатод ВМРО-ДПМНЕ.

-Во овој викенд кога 78 фамилии ги изгубија своите најблиски, овие двајца кои се најодговорни за катастрофата цело време шетаа на релации од Скопје, преку Крушево, по течението на Радика, Охрид и каде ли уште не. Овој месец изгубени се над 400 животи во Македонија затоа што Филипче и Заев не набавија навремено и доволно вакцини за имунизација на граѓаните.Над 10.000 има нови заболени затоа што наместо епидемиолошката слика на Филипче и Заев им беа битни партиски избори, ивенти и попис, велат од партијата.

И сега како сосем одлепени од реалноста Филипче и Заев без око да им трепне се развозуваат со мотори низ Македонија во еден од најцрните викенди во КОВИД епидемијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ нагласуваат дека ова е срамно и бедно.

Но тие очигледно се оперирани од срам и одговорност, бидејќи дозволија Македонија да биде на врвот по смртност и на дното по вакцинација во светот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk