logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ: Власта е неспособна да се справи со КОВИД кризата, за еден ден над 2000 лица се позитивни

Vecer | 27.01.2022

ВМРО-ДПМНЕ: Власта е неспособна да се справи со КОВИД кризата, за еден ден над 2000 лица се позитивни

Власта е неспособна да се справи со КОВИД кризата, за еден ден над 2000 лица се позитивни, велат преку партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Власта не знае како да се справува со КОВИД кризата уште од самиот почеток, прво немаше тестови, па слободни кревети во болниците, за на крај да нема вакцини. Во моментот во Македонија има над 20.000 активни случаи заразени со КОВИД. Цел град со големина на Кочани, Радовиш или Кавадарци е заболен од КОВИД. Како резултат на лошиот пристап имаме над 8.000 починати од КОВИД, тоа е население колку што жители има едно Крушево, Кратово или Берово, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Потребни се итни мерки и за справување со КОВИД кризата и одговорен пристап.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk