logo
logo
logo

ВМРО ДПМНЕ: Васко Кичевски да одговори за бизнис интересите на коалицијата Тачела

Vecer | 07.12.2022

ВМРО ДПМНЕ: Васко Кичевски да одговори за бизнис интересите на коалицијата Тачела

Господинот Васко Кичевски денес требаше да има прес конференција и да одговори за бизнис интересите на коалицијата Тачела – Ковачевски – Данела Арсовска, велат ВМРО-ДПМНЕ во реакција на денешната прес-конференција на претседателот на градската огранизација на СДСМ – Скопје. Наспроти тоа тој имаше низа клевети кои беа насочени кон претседателот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Како поранешно инволвиран во паркинзи на Општина Центар имаме само да му порачаме на Васко Кичевски дека веднаш по промената на власта ќе има ревизија на пораките за паркинг и кривична одговорност за малверзациите направени со тој систем, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Претходно денеска Кичевски на прес-конференција рече дека „хаосот во Скопје и блокадата што му се случува на градот е во политичка и логистичка режија на Христијан Мицкоски“.
Од едната страна на блокадата е партнерот на Мицкоски – Ленин а од другата неговата градоначалничка Арсовска. Заради бизнис интереси и кавги за тендери со денови трае изживување врз скопјани. Градот е заглавен како 11 години Македонија што беше заглавена, рече тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk