logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ: Вакцини снемува, а оние кои ги најавија Филипче и Заев никако да стигнат

Vecer | 14.04.2021

ВМРО-ДПМНЕ: Вакцини снемува, а оние кои ги најавија Филипче и Заев никако да стигнат

Снемува вакцини, а најавените од Филипче и Заев никако да стигнат. Се трошат и последните донирани вакцини, кои ги доби нашата држава, а со тоа се заканува опасност процесот на вакцинација да запре.

Заев и Филипче најавуваа милионски количини на вакцини, а до сега стигнаа само 3000, се друго е донација, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ  на изјавата на Венко Филипче.

– Што планира Филипче и како ќе се спроведува вакцинацијата. Државата не може да биде зависна само од донации. Неспособноста да се набават вакцини е причина и за големиот број на заразени и умрени. Имаме над 1700 починати од јануари до сега и тие сите пдат на совеста на Заев и Филипче кои не набавија вакцини. Полицискиот час е исто така резултат на неспособноста да се набават вакцини. Македонија страда заради неспособноста на Заев и Филипче, посочуваат од партијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk