logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ: Трајче Заев избегал во Дубаи, а неговиот шофер е уапсен

Vecer | 11.04.2021

ВМРО-ДПМНЕ: Трајче Заев избегал во Дубаи, а неговиот шофер е уапсен


Кланот Заеви прерасна во картел Заеви и тоа го потврди МВР, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„После цел ден молк, МВР на Спасовски призна дека во текот на акција за спречување на шверц на дрога предводена од американската ДЕА, уапсен бил личниот шофер на Трајче Заев, братучедот на Зоран Заев. Личниот шофер на Заеви Александар Ушилковски, заедно со командирот на прилепската полиција Кире Спиркоски – Чипсио, директно поставен од Оливер Спасовски, го предводеле транспортот на нарко пратката во белото комбе со грчки таблици. Во комбето имало марихуана, омилениот бизнис на Заеви, во вредност од 800 илјади евра. Пратката со марихуана тргнала од Фирмата Медика 420 од Битола. Патем оваа фирма се поврзува директно со фамилијата Заеви. Братучедите на Зоран Заев, Трајче и Вице“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Опозицијата прашува дали и кога братучедите на Заеви ќе бидат испитани за овој нарко криминал кој го прекина американската ДЕА? Исто така треба да одговорат дали Трајче Заев, братучедот на Зоран Заев е во Македонија или избегал во Дубаи? Криминалот на власта излегува на виделина, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Ништо веќе не може да го сокрие сојузот на власта и криминалот.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk