ВМРО-ДПМНЕ-Струга бара Исмајлоска Старова да го врати пратеничкиот мандат по гласањето за измените

Претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Струга, Мирче Аџиоски, ја повика пратеничката Нола Исмајлоска Старова, која гласаше за уставните измени, да го врати мандатот.

„7700 граѓани кои гласаа на предходните парламентарни избори не ви дадоа легитимитет да гласате за промена на Уставот и името, вратете го мандатот“, и порача Аџиоски на пратеничката.

Тој додаде дека во Собранието се случило најголемото предавство во историјата на земјата и не се испочитувала волјата на народот искажана на референдумот.

„Се докажаа аспирациите на Зоран Заев и неколку луѓе околу него, кои по секоја цена, без да се бираат средства успеаја да обезбедат двотретинско мнозинство, за жал со помош од 8 пратеници на опозицијата, меѓу кои и пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ од Струга, Нола Исмајлоска Старова. Вие пратеничке, ги изневеривте вашите сограѓани, ја изневеривте државата во која живеете и загазивте врз волјата на граѓаните на Република Македонија“, изјави Аџиоски.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари