logo
logo
logo

ВМРО ДПМНЕ: Срамно и бедно е што државата не може да им издаде на граѓаните лични документи

Vecer | 23.06.2021

ВМРО ДПМНЕ:  Срамно и бедно е што државата не може да им издаде на граѓаните лични документи

Власта е во бунило. СДСМ го демантира МВР кое го извести светот дека пасоши со изминат рок државата нема да биде во можност да ги промени. А вистината е дека граѓаните во Македонија не можат да извадат нов пасош, лична карта, возачка дозвола, регистарска таблица, не може да направат ништо исто како да се граѓани од втор ред во својата земја.

 

Поради неспособноста и криминогеноста на власта на Заев мафијаши од светот имаат од мвр добиено македонски пасоши со украден идентитет, а нашите граѓани ќе се чудат и стравуваат дали го разбрале низ светот сериозно дописот на Спасовски дека Македонија годинава нема да обновува истечени пасоши.

 

Срамно и бедно, кое ниту во земјите од третиот свет не се случува, ама ете со Заев и Спасовски ни се случува на нас.

 

Патем ако се издаваат некакви лични документи, тоа се прави најчесто по итна постапка и по цена три пати повисока од вообичаената, затоа што власта ги доведува граѓаните до очај да мораат да плаќаат поскапо за да завршат работа.

Ако се прашува власта лажна вест е и немаењето сведителства на крајот на годината, и немањето регистарски таблички, и галопирачкиот раст на долгот, и историското ниво на корупција, и контактите на власта со мафијашите и мал милион реални показатели на нивната криминогеност, неспособност и неодговорност.

 

Овие 4 години власт на Заев се изгубени години. Доста е!, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk