logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ: Со пописот Заев ќе ја турне Македонија во епидемиски пожар

Vecer | 24.03.2021

ВМРО-ДПМНЕ: Со пописот Заев ќе ја турне Македонија во епидемиски пожар

За власта на Заев е нормално да организира попис среде епидемија во која само од почетокот на месец март има над 17 илјади нови заболени и скоро 400 починати од КОВИД-19.

Во услови кога речиси сите европски земји ги одложија своите пописи, владата на Заев ќе организира попис со над 15 илјади активни случаи на заразени, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Заев ја турка Македонија во епидемиски неконтролиран пожар, само заради каприц и политички хир. Ова веќе не е статистичка туку политичка операција на Заев кој е тотално одлепен од реалноста. Уште еднаш да предупредиме дека 5.500 попишувачи, ќе треба да влезат во секое домаќинство во државата. Голем број од нив може да бидат асимптоматски, а да заразат хронично болни или стари луѓе, по што последиците по тие луѓе ќе бидат фатални, велат од партијата

ВМРО-ДПМНЕ посочува дека ако Зоран Заев е спремен и по цена над две илјади изгубени животи да оди на попис, Македонија не е.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk