logo
logo
logo

Анкета на НДИ

ВМРО-ДПМНЕ СО 21,5% со голема ПРЕДНОСТ пред СДСМ со 13,9%

Vecer | 06.06.2023

ВМРО-ДПМНЕ СО 21,5% со голема ПРЕДНОСТ пред СДСМ со 13,9%

Според најновата теренска анкета на НДИ доколку утре има избори во Македонија за ВМРО-ДППМНЕ би гласале 21,5%, додека за СДСМ само 13,9%.

Според анкетата 18,3 проценти од испитаниците не знаеле за кого ќе гласале на следните избори, додека одбиле да одговорат 8,5% од испитаните граѓани.

ВМРО-ДПМНЕ 21,5%

СДСМ 13,9%

ДУИ 6,2%

Алијанса 3,4%

Беса 3,6%

Левица 2,9%

Максим Димитриевски 1,7%

Не знам 18,3%

Одбивам одговор 8,5%

На прашањето каде се движи државата дури 56% од испитаниците одговориле дека таа е во погрешна насока, додека само 11 проценти дека Македонија се движи во правилна насока.

56% во погрешна насока

11% правилна насока

Инаку ВМРО-ДПМНЕ според анкетата на Левичарскиот американски институт НДИ има раст од 4% додека СДСМ и ДУИ пад од речиси два проценти во споредба со анкетата направена во месец февруари и март, а објавена минатиот месец

На прашањето тогаш „Доколку изборите се одржат следната недела за која партија би гласате?“ повеќе од половина од испитаниците одговорија дека не би гласале или дека не знаат за кого би гласале.

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 17% од испитаниците, за СДСМ 12%, ДУИ доби поддршка од 8% од анектираните граѓани, 4% изјавија дека би гласале за Левица, 3% за Алијанса за Албанците, додека 1% поддршка доби Движењето Беса.

Резултатите се од теренско истражување лице-в-лице од 13 до 24 април, нарачано од НДИ, со маргина на грешка +/-3,09 процентни поени на 95% ниво на доверба, големина на примерок од 1.003 испитаници на возраст од над 18 години. Истражувањето беше спроведено од ТИМ Институт и финансирано од Националната фондација за демократија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk