logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ: Се додека Заев е на чело на СДСМ, таа ќе биде криминална

Vecer | 22.04.2021

ВМРО-ДПМНЕ: Се додека Заев е на чело на СДСМ, таа ќе биде криминална

Зоран Заев ја залажува македонската јавност со наводно освежување во СДСМ. Се додека тој е на чело на партијата СДСМ ќе биде заштитник на криминалот. Зоран Заев е човекот кој што два пати е аболициран, еднаш за „Глобал“, а втор пат преку притисок врз судството за отфрлање на кривичната пријава случајот „Едно евро за Вицето, едно евро за црквата“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

– Зоран Заев е човекот кој беше споменат од Бојан Јовановски – Боки 13 дека кај него и брат му Вице завршила торбата со изрекетирани милиони. Зоран Заев е главата на административниот апарат во чие време се издавале пасоши на 215 светски нарко босови, криминалци, и терористи. За какво освежување зборува Заев кога тој е до гуша во криминал, прашуваат од партијата.

– А, Шекеринска пред да го напушти бродот што тоне нека каже што бараше со Катица Јанева и Бојан Јовановски – Боки 13 за време кога Бојан Јовановски – Боки 13 рекетираше низ Македонија. Времето минува, но народот нема да заборави, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk