logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ: Пописот веќе е компромитиран, СДСМ скандалозно собира партиски војници за државен попис

Vecer | 25.02.2021

ВМРО-ДПМНЕ: Пописот веќе е компромитиран, СДСМ скандалозно собира партиски војници за државен попис

Скандалозно е што СДСМ собира партиски војници, за државен попис, пописот веќе е компромитиран. Во која држава владејачката партија собира партиски членови за државен попис, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партија додаваат дека тие собираат платена војска кока треба да направи фингиран попис

„Тоа е суштината, тие собираат платена војска кока треба да направи фингиран попис. Ако било за општествено ангажирање на СДСМ зошто тогаш тој оглас не го споделија општествено одговорни фирми, и компании туку само СДСМ? Затоа што го приватизираа процесот.

-СДСМ објави па избриша, па повторно објави на својата фејсбук страница оглас за попишувачи. СДСМ го политизира пописот во целост. Со вчерашната активност СДСМ му даде целосно партиски печат на пописот.

Власта од вчера од пописот официјално направи партиска приватна забава, а не статистичка операција од витално значење за државата. СДСМ прво објави оглас за попишувачи на фејсбук страните на своите локални ограноци, откако ВМРО-ДПМНЕ и јавноста бурно реагираа ги избришаа огласите, за по некое време свесни дека нема да им помине бришење од официјалната фејсбук страна на СДСМ да го објават огласот со наратив на кој никој не верува.

Заев нема капацитет за да изведе една работа во корист на државата и на се лепи партиска етикета. СДСМ никогаш не го гледале пописот како статистичка државна операција, туку алатка за коалиционо пазарење, истакнуваат од партијата.

Веќе нема криење. СДСМ го приватизираше пописот. После вчерашниот дебакл власта мора да го одложи пописот. Од партиски попис државата нема да има никаква полза. Одлагање на пописот веднаш, додаваат од  ВМРО-ДПМНЕ.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk