logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ поднесe предлог-закон: Секое лице за да биде пратеник треба да е државјнанин само на Македонија

Vecer | 12.03.2021

ВМРО-ДПМНЕ поднесe предлог-закон: Секое лице за да биде пратеник треба да е државјнанин само на Македонија

Во врска со наводните бугарски пасоши на пратениците и функционерите од ВМРО-ДПМНЕ, со цел задскривајќи ги аферите и скандалите кои што ги има власта, за да ги прекинеме димните завеси кои што ги крена најдобриот пријател на Зоран Заев, Каракачанов кој што шири лажни вести, редно е да заврши времето во кои што Заев ги донесе македонската политика и македонските политичари до потсмев како што вели Каракачанов и од таа причина поднесуваме Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за пратеници, изјави денеска за медиумите, Никола Мицевски координатор на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

– Измените во предлог законот се во два члена и тоа во условите за избор на пратеници каде што додаваме нов член во кои велиме дека за лицето да биде избрано за пратеник треба да го исполнува условот, покрај другите, да е државјанин само на Република Македонија. Ваков услов има и во Законот за надворешни работи и бараме оваа одредба од членот на овој закон да се усогласи со Изборниот законик во рок од триесет дена по влегувањето во сила, вели тој.

Мицевски посочи дека овој предлог закон го потпишаа сите пратеници од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и ги повикува пратениците од СДСМ и од другите политички партии да го поддржат ова законско решение како би можеле да се стави крај на темата и во наредниот период изборот на пратеници да биде од лица кои што ќе имаат само македонско државјанство.

– За појаснување, доколку законското решение се донесе во наредниве денови со усогласување во Изборниот законик во наредните триесет дена, ова да важи и за овој пратенички мандат, додаде тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk