logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ: Организирајќи попис во ек на пандемија, Заев се спрема да го направи најголемиот корона кластер

Vecer | 11.03.2021

ВМРО-ДПМНЕ: Организирајќи попис во ек на пандемија, Заев се спрема да го направи најголемиот корона кластер

Власта воведува полициски час и ограничува движење а за само 20тина дена ќе пушти илјадници попишувачи да одат по домовите на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека Зоран Заев не го интересира ниту здравјето, ниту животот на луѓето.

-Заев го интересира само политичка корист, а во овој смисол остварување на политичкиот договор. Организирање на попис во услови на разгорена пандемија ќе резултира со илјадници нови заразени и стотина мртви. Заев пушта невакцинирани попишувачи и со тоа се заканува да го направи најголемиот корона кластер до сега. Попис во сред пандемија е сигурен начин како цела држава да заболи од корона.Несовесно и срамно е што Заев продолжува со намерите за организирање на попис, не само покрај аргументите на стручната јавност и граѓаните, туку и по откажувањата на пописите во Бугарија, Србија, Хрватска, Ирска, Германија и други држави, се наведува во соопштението на партијата.

Оттаму додаваат дека сите овие држави имаат вакцинирано голем дел од населението, но сепак не сакаат никого да ставаат во животно загрозувачка состојба.

-Зоран Заев и Венко Филипче ќе одговараат за штетите кои што ги нанесуваат врз јавното здравје и животот на граѓаните, велат од партијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk