ВМРО ДПМНЕ објави и документи дека во Скопје ќе се гради камп за бегалци

По денешните изјави на министерката Мила Царовска и на општина Карпош, од ВМРО-ДПМНЕ дистрибуираа скенирани документи од кои се гледа дека некој во државата сепак планира да гради камп за странци и тоа на територија на општина Карпош, некаде кај Бардовци.

Пред 9 дена Агенција за планирање на просторот до повеќе државни институции испратила барање за податоци и информации во врска со изградба на прифатен центар за странци. Барањето е испратено до општина Карпош, до Град Скопје, до министерствата за транспорт и врски, за внатрешни работи, за култура, Агенција за катастар,МЕПСО, ЕВН...

„Мила Царовска нема проблем со ВМРО-ДПМНЕ, таа има проблем со реалноста. Реалноста вели дека на овој документ тука, пишува државна урбанистичко планска документација за прифатен центар за странци. Не пишува за бездомници, пишува за странци. Со тоа што би сакал да потенцирам дека ВМРО-ДПМНЕ не манипулира, не шири лаги и невистини. Единствено кој што сака да манипулира, а тоа е Мила Царовска и со тоа се обидува да ја навреди и да ја потцени интелигенцијата на граѓаните. Граѓаните го видоа овој документ и јасно се гледа од таму кој шири лаги и невистини", изјави денеска Димче Арсовски,портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Денеска Царовска преку Фејсбук соопшти дена ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести и дека во Визбегово ќе се гради населба за бездомните лица кои до неодамна живееја под Кале, а не камп за мигранти.

Поврзани

Најнови вести

Коментари