ВМРО-ДПМНЕ: Непотребни се тројца потпретседатели во Собранието

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ смета дека изборот на тројца потпретседатели е непотребен, а буџетот се користи за колициски пазарења и делење измислени функции на партиските послушници.

„СДСМ создава само дополнителен трошок. Месечниот трошок за еден потпретседател на Собранието на РМ по основ на плата, асистент, секретарка, возач, гориво, репрезентации и други трошоци изнесува 225.000 денари или приближно 4.000 евра. Вкупниот трошок за двата нови потпретседатела изнесува 8.000 евра.
Тоа се 8.000 евра месечно, пари што може да се вложат во здравството, образованието, во отворање нови работни места и за голем број други проекти. Наместо на развој, СДСМ сепак се реши овие пари да ги потроши за измислените функции на Ременски и Мисовски“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Додаваат дека ова е спротивно од заложбите на СДСМ пред изборите, кој ветуваше намалување на непродуктивното трошење.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари