logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо план за борба против корупција, Заев денеска презентирање млатење празна слама и заштита на криминалот

Vecer | 02.03.2021

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо план за борба против корупција, Заев денеска презентирање млатење празна слама и заштита на криминалот

Се тресеше гората, се роди глушец. Граѓаните денеска од Заев очекуваа да видат план за борба против корупцијата, а видоа само млатење празна слама, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Заев дуваше балон дека ќе презентира голем акциски план против корупцијата, а никаде не слушнавме до каде е со постапката за парите во „Рекет“, во која според првообвинетиот и сега осуден Бојан Јовановски – Боки 13 кој ја носеше торбата со пари, парите завршиле кај фамилијата Заеви, дали има истрага или случај против Ден Дончев кој ставаше туциња пари во торба, Нема одговорност ниту за Рашковски и популарното „Леонардо вил вин“, стои во партиската реакција и се додава:

„До сега никој не одговарал за бегството на партнерот на Заев, Сашо Мијалков. Заев не кажа ниту зошто нема одговорност и постапка за криминал од речиси половина милијарда евра за пропаѓањето на Еуростандард и зделката со ШИК ЈЕЛАК.

Наместо конкретни работи, од Заев слушнавме за компјутери, и дека ќе ги поврзувал институциите, дека ќе набавувал компјутери и компјутерски системи, и за изработка на сајтови кои гледаме како секој ден му паѓаат. Очигледно е дека Заев нема интерес да се бори против корупцијата, туку е нејзин заштитник, затоа што нема криминален случај во Македонија, во кој на некој начин не се појавува неговото име или име на негов близок соработник. Срамно е и што до аболираниот криминалец, Заев денеска беше Љупчо Николовски, чиј брат со неговата фирма прима кеш пари спротивно на закон. Не слушнавме ниту коментар од Заев за коруптографијата на Филипче, и како потпишал набавка на томографи за 15 милиони повеќе од првично понуденото“.

Заев, подвлекуваат од ВМРО-ДПМНЕ, мора да знае дека колку и да се обидува да релативизира, дека за сиот криминал и корупција ќе мора да одговара, и од тоа нема бегање.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk